Ребаланс на буџет: Државната каса потешка за 50 милиони евра
Foto

Ребаланс на буџет: Државната каса потешка за 50 милиони евра

Владата го прекрои буџетот за да ги усогласи проекциите со новата реалност што ја донесе Ковид 19. Тој ќе биде потежок за 53,7 милиони евра, а буџетскиот минус ќе скокне на 750 милиони евра. Ребалансираниот буџет ќе изнесува рекордни 3,95 милијарди евра. Вкупните приходи во државната каса, како резултат на пандемијата ќе паднат за 11,5 отсто и се планирани на ниво од 3,2 милијарди евра.

„Зголемувањето од 50 милиони евра е само 1,4 процент од вкупните расходи а за пример ако погледнете како останатите земји делувале по однос на приходната и расходната страна ние сме земја која најмалку споредено со било која друга земја ги зголемува расходите“, рече Нина Ангеловска- Минситерка за финансии.

За надминување на коронакризата Владата реши да ги дополни буџетите на одредени министерства и институции. Министерката најави трет сет мерки, со кои ќе се стимулира приватната потрошувачка за што ќе се потрошат 50 милиони евра.

Платите на администрацијата останаа непроменети. Нема да се кратат ниту пензиите. Со ребалансот на Буџетот министерката вели дека нема никакви дополнителни промени на ставката за финансирање на политичките партии и претстојните избори.

Капиталните инвестиции се скратени за околу 68 милиони евра и ќе изнесуваат над 315 милиони евра што е максиум во изминатите 10 години.

Македонската економија годинава ќе падне на -3,4%. Дефицитот ќе изнесува 6,8% или над 750 милиони евра. Ќе се издаде и еврообврзница од 800 милиони евра.

0 Коментари

Остави коментари