Реал со „петарда“ за Леганес во Ла Лига
Foto

Реал со „петарда“ за Леганес во Ла Лига

Тимот на Реал Мадрид синоќа забележа победа со 5:0 на домашен терен против Леганес. За „кралскиот клуб“ ова е најубедлив триумф во досегашниот дел од сезоната 2019/20.

Стрелци на головите беа: Родриго, Тони Крос, Серхио Рамос, Карем Бензема од пенал и Лука Јовиќ.

По десет одиграни натпревари лидер во Ла Лига е Барселона со 22 бода, Реал има 21, Гранада, Атлетико Мадрид и Севиља собраа по 20.

0 Коментари

Остави коментари