Реал ќе се обиде да го добие Санчо летото 2021 година
Foto

Реал ќе се обиде да го добие Санчо летото 2021 година

Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, веќе подолго време се наоѓа во сферата на интерес на Реал.

Клубот од Мадрид во последниве години се посвети на ангажирање претежно млади талентирани играчи, атаков е и Санчо.

Според „Ас“во прилог на евентуален ваков трансфер одат и добрите односи меѓу Реал и Борусија.

Сепак, на крајот, мислењето на 20-годишниот Англичанец, за кого се интересираат и Манчестер Јунајтед и други европски врвни клубови, ќе има клучна улога.

Реал Мадрид го гледа Санчо во тимот како дел од долгорочен проект. Клубот очекува да го купи во летото 2021 година, бидејќи оваа година Мадрид најверојатно ќе има големи финансиски трошоци.

0 Коментари

Остави коментари