Реакции по укинатиот мораториум во општина Центар
Foto

Реакции по укинатиот мораториум во општина Центар

Во скопската општина Центар од денеска ќе може да продолжи да се гради по старите законски решенија и детално урбанистички планови кои беа спорни. Уставниот суд вчера ја укина одлуката за мораториум која беше донесена во 2017-та година. 

Тоа значи дека отсега сите градби кои што не само што отстапуваат од Генералниот урбанистички план туку се граделе и спротивно на законите за безбедност - со што се ставаат во ризик жителите на општина Центар - ќе може да продолжат да се градат, вели за ТВ 24 Јана Белчева член на Советот на Општина Центар. 

„Сега откако овој мораториум значи ќе важат истите законски решенија за кои не се донесени нови урбанистички планови она што е интересно не се донесени планови за подрачјата каде има најмногу останат простор кој што може да се реши на похуман начин но сега веќе прашање е дали воопшто ќе може да се реши.“ - изјави Јана Белчева член на Советот на Општина Центар.

Општина Центар за првпат во 2017 ги замрзна Детално урбанистичките планови и започна со нивно ревидирање. Од вкупно 31 - за 4 години успеале да усогласат само 8 ДУП-ови со Генералниот план на Град Скопје. 

Одлуката на судот не сакаат да ја коментриаат но велат ќе продолжат да ги ревидираат плановите. Вкупно 23 Детално Урбанистички Планови остануваат спорни и неревидирани.

Една од најспорните градби која што предизвика низа реакции во јавноста а која што ја предвидува важечкиот ДУП е изградбата на три шеесеткатници на паркингот спроти Холидеј Ин во строгиот центар на Скопје, за што од општината велат дека засега е само идеен проект. 

Министерот за транспорт и врски пак, ја повика општина Центар ако има некои планови кои ја загрозуваат животната средина да поднесат елаборат до министерството. 

„Постоечкиот Закон за урбанистичко планирање нуди одредени можности. Ние разговараме со Општина Центар, тие ги бараат одговорите на овие прашања од нас, но најважно од се е дека доколку имаат одредена потреба на одредени урбанистички планови што ја загразовуваат животната средина, растот на општината итн, тие треба да поднесат елаборат со којшто ќе гарантираат дека имаме одредени нарушувања на урбаното живеење, планирање, итн, и потоа да се разгледува во Министерството за транспорт и врски.“ - изјави Благој Бочварски – Министер за транспорт и врски.

Уставен суд вчера одлучуваше за уставноста на забраната за градба во скопски Центар по иницијативата поднесена до нив од двајца охриѓани.

0 Коментари

Остави коментари