Развој на туризмот на Плачковица
Foto

Развој на туризмот на Плачковица

Корона вирусот го оживеа интересот за викенд населбите на планината Плачковица. Се исчистија постојните, но има интерес и за нови викендици. И неколку стари и напуштени селски ќуки од селото Вртешка наскоро ќе станат место за одмор. 

Од општина Карбиници велат дека по асфалтирањето на патот со пари од Светска банка има интерес за проширување на населбата. Наскоро ќе се прави и нов водовод за сите планински села. 

Иако дрвокрадци ја соголија Плачковица на некои делови сепак планината си има свои скриени адути. Посебно атрактивни се четирите пештери, што привлекуваат голем број авантуристи, но тука во близина се и неколку интересни кањони како Камник, Комитски кањон, Козјак и Ломија. Иако и чистиот воздух е доволен за да ги привлече луѓето да се тргнат од градот. 

Тука се наоѓа планинарскиот дом Вртешка. Веќе се направи 13 метарска вештачка карпа што ќе се користи за алпинистички тренинзи, но и натпреварувања. Планинарското друштво „Лисец“ веќе постави и мапи со QR code на 30 билборди и патокази со што ќе им се олеснат прошетките на сите заинтересирани посетители.

0 Коментари

Остави коментари