Разговор со Зоран Тодоров

12 невладини организации од Кочани одлучија заеднички да се борат против загадувањето на воздухот, водата и воопшто - загадувањето на природата. Се здружија во „Одбор за здрав живот“. Сметаат дека граѓаните треба да продолжат со притисок врз институциите, како во случајот со „Пејпер мил“. 

Една од првите иницијативи ќе им биде и да се преиспита градењето на мала хидроцентрала, над браната Гратче. Своите иницијативи ќе ги испраќаат до општината, но и до пратениците и до државните институции. Велат дека здружени ќе си го вратат епитетот на најчист град во државата. Интервјуто со Зоран Тодоров од Одборот, го направи колешката Виолета Кожинкова.