РАЗБИЕНА КРИМИНАЛНА ГРУПА КОЈА КРАДЕЛА АВТОМОБИЛИ ВО МАКЕДОНИЈА И ГИ ПРЕНЕСУВАЛА ВО АЛБАНИЈА
Foto

РАЗБИЕНА КРИМИНАЛНА ГРУПА КОЈА КРАДЕЛА АВТОМОБИЛИ ВО МАКЕДОНИЈА И ГИ ПРЕНЕСУВАЛА ВО АЛБАНИЈА

Разбиена криминална група која крадела автомобили во Република Северна Македонија и ги пренесувала во Албанија. Полиција уапси 53-ри годишен жител на градот Прењас кој во соработка со уште неколкумина,преку зелениот граничен појас пренесувале украдени автомобили. На осомнилениот му помагале уште неколку други лица меѓу кои и жител на Струга, по кој албанската полиција се уште се трага.

- „Истрагата покажаа дека Џ. Б. од Прењас и А.Р. жител на Струга, Северна Македонија, во соработка со други лица шверцувале украдени возила, од Северна Македонија во Албанија, надвор од граничните премини.“ - се наведува во соопштението на Албанската полиција.

Од таму велат и дека запленето е возило марка фолксфаген пасат со македонски регистарски ознаки, кое било украдено од државава, а потоа нелегално префрлено во Албанија и дека во моменто се работи на идентификација и апсење на други лица кои биле дел од оваа криминална група.

0 Коментари

Остави коментари