Расте профитот на компаниите кои котираат на македонската берза
Foto

Расте профитот на компаниите кои котираат на македонската берза

Фирмите кои котираат на Македонска берза покажуваат се поголем профит. Лани оствариле вкупна нето добивка од 224 милиони евра, што е за 26 проценти повеќе од претходната година. Од 99 компании кои доставиле извештаи до берзата, 77 прикажале добивка, а 22 работеле со загуба. Брокерите велат дека растот на берзата нема директна поврзаност со политиката и потпишувањето на Преспанскиот договор со Грција лани. Профитот, во најголем дел доаѓа од банките кои ги намалиле лошите кредити, а го зголемиле профитот од провизии и кредити. 

Гледано по сектори најголема нето добивка е регистрирана во банкарството. Сите 8 котирани банки освариле високи профити, но на прво место е Стопанска банка Скопје со рекордна добивка од 44 милиони евра. Еве кои други компании лани имале најголема добивка. На второ место е НЛБ банка, па Комерцијална. По нив се Македонскиот телеком, Мермерен комбинат и Цементарница Усје иаку таму профитот во однос на 2017 е намален за 4%. Макпетрол го зголемил профитот за фантастични 158%. 

Во првите три месеци од годинава регистриран е мал пад на берзата. Од јануари до март со акции биле истргувани 12 милиони евра, речиси 12 проценти помалку од истиот период лани. Но што не чека до крајот на годината и како НАТО аспирациите на земјата ќе влијаат врз берзата? И покрај намалениот промет годинава, вредноста на компаниите расте. Берзанскиот индекс МБИ 10 е зголемен за 33%.

0 Коментари

Остави коментари