Расплеткувајќи го клопчето, тоа се дозаплеткува – министерството за култура vs. апликантите
Foto

Расплеткувајќи го клопчето, тоа се дозаплеткува – министерството за култура vs. апликантите

Комисиите во Министерството за култура ги отворија одбиените апликации од годишната програма за култура за кои од ресорот се правдаа дека најчесто се работи за некомплетна документација. Но, дали навистина сите немале доволно документи? Писателот Наум Попески бил одбиен поради некомплетна документација, но по денешниот увид тврди дека било утврдено сосема спротивното.

„Добив покана од меѓународниот фестивал на литературата за деца „Детско царство“ од Бања Лука и со таа покана и другите документи потребни на конкурсот аплицирав во министерството за матрјални сретства за да учествувавм на оваа манифестација на која учествуваат писатели од регионот. Бев известен дека сум одбен зошто немам доставено покана од организторот, дојдов да видам зошто знам дека доставив и го отворија и видоа дека поканата е внатре.“ - изјави Наум Попески – писател за деца.

Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија денеска пред министерството за култура го изразија својот револт бидејќи сметаат дека со одбивањето да бидат финасирани со 0 денари се уништува македонскиот фолклор. Велат дека бројни фолклорни фестивали со традиција од 70 години воопшто не биле ставени во програмата за финасирање.

„Имаме направено споредба - на македонските друштва му имаат дадено околку 2 700 000, а на албанските фолклорни ансамби 4 700 000 денари. Голема неправда е и тука сме дојдени да реагираме. Ова е уништување на македонскиот фолклор.“ - вели Благоја Јовановски – Сојуз на фолклорни ансамбли на Македонија.

Ресорниот министер за култура, Асаф Адеми за ТВ24 уверуваше дека доколку било направено пропуст во распределбата на парите, тој ќе понесе политичка одговорност како и членовите на комисиите кои ги разгледувале апликациите.

„Ќе бидат анализирани сите апликации, доколку имало субјективност во одбиена апликација, ќе сносам политичка одговорност, значи оставка.“ - изјави Асаф Адеми – министер за култура.

Ревизијата на одбиените апликации од конкурсот на Министерството за култура треба да покаже дали има направено пропусти. Од Комисијата за издаваштво при ресорното министерство велат дека од 2.000 апликации одбиле 624 за кои велат дека голем дел и покрај тоа што ги исполнувале естетските критериуми, сепак биле одбиени поради административни недостатоци и некомплетна документација. Од Комисијата за визуелни уметности, архитектура и дизајн, пак, велат дека биле одбиени 9 национални установи, 75 локални установи, 60 здруженија и 46 самостојни проекти. Од Комисијата потенцирата дека доколку се одобрат нови проекти министерството располага со буџетски средства.

Постојат законски можности и обезбедени се финансиски средства за областа на драмска дејност за дополнување на програмата за 2019 година велат од Комисијата за драмска дејност каде од 149 проекти 96 биле одбиени. На објавените Годишни конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година пристигнаа 5.560 пријави, а комисиите предложија поддршка за 2.781 проект. Министерот Асаф Адеми пак во интервју за ТВ 24 уверува дека се испочитувани сите законски прописи.

0 Коментари

Остави коментари