РАШКОВСКИ – ОСТАВКА, РАЗРЕШУВАЊЕ ИЛИ НИКОМУ НИШТО?
Foto

РАШКОВСКИ – ОСТАВКА, РАЗРЕШУВАЊЕ ИЛИ НИКОМУ НИШТО?

До кога Владата ќе ги рагледува аргументите и аудио снимките за генералниот секретар Драги Рашковски?!?!?!? Иако официјално од Илинденска број 2 и денеска два дена по новата „бомба“ за генералниот секретар на Владата се уште без став дали ќе побараат оставка од Рашковски или не, можно е Владата на утрешната редовна седница да го разгледа и ова прашање.

Аудио снимиките денеска пак одекнаа и на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата децидни – Заев да побара оставка од генералниот секретар. Од опозицијата со денови бараат и реакција од Обвинителството, но и притвор за Рашковски, за, како што велат непречено да се одвива истрагата и да нема влијание врз сведоци. 

Обвинителството пак и натаму велат будно ги следи случувањата и текот на настаните со Рашковски, но во моментов не постапуваат по допрен глас во врска со обвинувањата во јавноста за владиниот генерален секретар, велат доколку утврдат елементи на сторено кривично дело ќе се постапи согласно законот. 

Случајот Рашковски засега е под лупа само на антикорупционерите. Од ДКСК чекаат документи од М-НАВ и Владата за скандалот со наводното местење тендер во полза на италијанската компанија Леонардо. До македонската навигација антикорупционерите испратиле барање за увид во тендерската документација, од Владата пак очекуваат на писмено да образложи во кое својство генералниот секретар бил вклучен во посредувањето за договарањето на тендерот.

Како не етичко беше оценето и однесувањето на Рашковски кон новинарите, но и навредите кон одредени држави. Скандалот во изминатиов период се најде и во италијанските медиуми, а премиерот Заев најави и лично извинување на Италија за навредите од Рашковски.

Порталот „Економски Лидер“ пред два дена објави втора „бомба“ за Рашковски. Според порталот оваа снимка е доказ дека Рашковски е свесен дека воопшто не смее да разговара со компанијата „Леонардо“, бидејќи кога се одвива состанокот компанијата се уште го нема добиено тендерот.

Генералниот секретар на Владата и по последните случувања остана на својот став – за оставка не размислува. Покрај заканите за тужби од Рашковски изминативе неколку дена и од М-НАВ се заканија со тужби и барање на надомест на штета, кон сите кои го нарушиле или ќе го нарушат угледот на компанијата.

0 Коментари

Остави коментари