Расел најбрз на првиот тренинг во Бахреин
Foto

Расел најбрз на првиот тренинг во Бахреин

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, оствари најбрзо време на денешниот прв тренинг пред трката во Формула 1 за Големата награда на Бахреин, в недела.

Расел, кој седна во болидот на Мерцедес на местото на седумкратниот светски првак Луис Хамилтон, кој се лекува од коронавирус, постигна време од 54, 546 секунди.

Второто место го зазеде возачот на Ред Бул, Макс Верстапен со резултат 54,722 секунди, додека трет беше неговиот тимски колега Александар Албон со време од 54,811 секунди.

Во Формула 1 вечерва на патеката во Бахреин дебитираа Џек Ејткен, кој го замени Расел во тимот на Вилијамс, и Пјетро Фитипалди, кој беше замена во тимот на Хас за Ромен Грожан, по тешката несреќа на Французинот минатата недела на истата патека.

0 Коментари

Остави коментари