Ранливите групи не се пријавуваат за вакцинација, Ковид 19 ја зголемил смртноста лани
Foto

Ранливите групи не се пријавуваат за вакцинација, Ковид 19 ја зголемил смртноста лани

Министерот за здравство ги повика матичните лекари да ги пријавуваат пациентите кои им се над 70 години и со хронични болести за вакцинација против КОВИД. 

Филипче вели дека според списоците кои ги добиле дел од матичните лекари во некои региони не пријавиле ниту еден од своите пациенти за вакцинација. Министерот денеска беше во посета на Гостивар каде вели од 6.000 граѓани над 70 години само 1.500 биле пријавени за вакцинација.

„Преку сајтот и преку матичните лекари се пријавени навистина малку граѓани во онаа прва категорија над 70 години. Околу 1 500 од близу 6 000 граѓани. Прво апелирам матичните лекари од Гостивар и од регионот да ги пријавуваат граѓаните своите прикрепени пациенти над 70 години со хронични болести како следна група заради тоа штои тие ќе бидат веднаш после медицинскиот персонал“ - рече Венко Филипче – министер за здравство.

Во однос на жалбите на матичните лекари дека тие треба да се јавуваат кај пациенти и да ги пријавуваат за вакцинација – министерот вели дека системот е така поставен бидејќи матичните лекари се тие кои имаат контакти со пациентите и притоа мора да земат и анамнестички податоци.

Во земјава над 170.000 граѓани се над 70 годишна возраст и со хронични болести кои спаѓаат во ризична група да развијат компликаци ако го добијат вирусот поради што им се препорачува вакцинација.

И додека се уште се чекаат вакцини за да почне вакцинацијата на населението. Бројките на новозаразени повторно почнаа да растат. 

Според д-р Харис Бабачиќ од Каролинскиот Институт во Шведска овој пораст треба многу серизно да се земе и од здравствените власти и од народот.

Д-р Бабачиќ ги коментира и последните податоци објавени од Државниот завод за статисика кои покажуваат пораст на бројот на починати во 2020-та година во споредба со претходните.

Државниот Завод за статистика денеска ги објави податоците за бројот на умрени во 2020-та, врз основа на кои можеме да процениме колку сме имале прекумерна смртност во изминатава година, споредбено со очекуваната смртност, базирано на модел на смртност од 2010-та до 2019-та. 

Според овој едноставен модел, изминатава година сме изгубиле околу 4.500 луѓе повеќе одошто би умреле да не сме имале пандемија со SARS-CoV-2. Со други зборови, доколку 20.539 луѓе би починале во 2020-та доколку сме немале пандемија, минатата година починале 25.049 луѓе.

Според последните податоци од Министерството, од почетокот на пандемијата во земјава се дијагностицирани 101.762 лица кои го имале коронавирусот. Од 26 февруари минатата година, кога беше откриен првиот случај, оздравени се 90.895, а починаа 3.119 пациенти.

0 Коментари

Остави коментари