Ранет работник на „Комунална хигиена“, налетал на грабеж, па крадците пукале
Foto

Ранет работник на „Комунална хигиена“, налетал на грабеж, па крадците пукале

Работник на ЈП „Комунална хигиена“ бил ранет во нога вечерва на Бит Пазар, известува 24 Инфо.

Според неофицијални информации, повредениот ја метел улицата во близина на Албанскиот театар кога забележал група крадци како провалуваат во една од продавниците. Тој најверојатно почнал да вика, по што провалниците се повлекле, а еден од нив извадил пиштол и пукал во него. Куршумот го погодил човекот во ногата, а крадците избегале.

Полицијата веднаш реагирала и фатила дел од провалниците, но лицето што пукало успеало да избега. Повредениот работник на ЈП„Комунална хигиена“ бил пренесен во болница.

Од МВР потврдија дека се случил инцидентот.

-Околу 20 часот на улица 192 пријавена е кражба при која е испукан куршум од пиштол, кој завршил во ногата на А.Ш.(42) од Скопје. Тој бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возилото со кое е извршена кражбата е обезбедено. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

 

0 Коментари

Остави коментари