Раиконен ќе загуби пет места на стартот на италијанското Гран При
Foto

Раиконен ќе загуби пет места на стартот на италијанското Гран При

Пилотот на Алфа Ромео, Кими Раиконен ќе загуби пет позиции на стартот на трката од Ф1 шампионатот за Големата награда на Италија.

Тимот го смени менувачот, што доведе до казна.

Раиконен го зазеде десеттото место во квалификациите, но по казната трката ќе ја започне од 15.позиција.

Почетокот на италијанското Гран При е попладнево од 15:10 часот.

0 Коментари

Остави коментари