Радев: Мандатот ќе го врачам кога партиите ќе бидат подготвени
Foto

Радев: Мандатот ќе го врачам кога партиите ќе бидат подготвени

Денот на предавање на мандатот на партијата победник на изборите за формирање на новата бугарска Влада ќе биде познат кога партиите ќе гарантираат дека постигнале резултат во преговорите, искоментира бугарскиот претседтел РФуимен Радев при неговата посета на Велико Трново.

Според него, партиите мора да дадат јасни гаранции дека нема да отстапат од овој правец и дека и ќе создадат таква влада, која ќе биде обединета со приоритети и цели што се во интерес на бугарските граѓани.

Мотивите на привремените бугарски министри за внатрешни работи и за правда да побараат смена на главниот обвинител Иван Гешев се во одбрана на законот, а одлуката на Високиот судски совет да не го отстрани од функцијата е да се заштити статус кво-то, што беше одбиено од бугарскиот граѓани, рече Радев. 

0 Коментари

Остави коментари