РАБОТОДАВЦИ: ПОРАСТОТ НА БДП НЕМА ДА ГИ ЗГОЛЕМИ ПЛАТИТЕ
Foto

РАБОТОДАВЦИ: ПОРАСТОТ НА БДП НЕМА ДА ГИ ЗГОЛЕМИ ПЛАТИТЕ

Повисокиот бруто-домашниот производ во првиот кваратал кој порасна на 4,1 процент, засега нема да ги зголеми платите на работниците. Иако премиерот Заев им порача на газдите на фирмите, штом толку добро им оди, да пуштат срце и од профитот да споделат со работниците, дел од работодавачите велат дека засега тоа не е изводливо. Прво треба да се зголеми продуктивноста на работниците, а потоа и нивните плати.

Потребно е зголемување на животниот стандар на работниците, велат работодавачите, но не треба со тоа да се наруши конкурентноста на компаниите, посебно на тие што извезуваат во странство. Работодавачите преку Советот на странски инвеститори и Стопанската комора ќе и предложат мерки на Владата како платите на работниците да растат во континуитет. Но и да се внимава зголемувањето да се планира една година порано во буџети на компаниите.

Статистиката покажа дека по првиот квартал невработеноста падна на 17,8 проценти. Просечната плата изнесува 24 590 денари. Владата најави ново зголемување на минималецот од јули, за што ќе им дава и субвенции на работодавачите.

0 Коментари

Остави коментари