Работнички остана без тренер - Александар Влахо се повлекува од функцијата
Foto

Работнички остана без тренер - Александар Влахо се повлекува од функцијата

Поразот од Струга Трим Лум, кој го смести Работнички на последното место на прволигашката табела во фудбалската Прва лига, доведе до разделба на клубот со тренерот Александар Влахо.

Влахо како морален чин понуди оставка, а раководството ја прифати. Како привремено решение, тимот на гостувањето кај Шкупи ќе го водат Марјанчо Андрески и Славчо Георгиевски.

– Чувствувам морална одговорност што Работнички по десет кола е на позиција на табелата која не ја заслужува. Благодарност до претседателот Поповски, и сите вработени во клубот, се надевам дека Работнички ќе излезе од оваа резултатска криза и дека ќе се најде на позициите на кои што заслужува, изјави Влахо.

0 Коментари

Остави коментари