Работилници, промоции, музички настапи и кино-проекција на „МКЦ за Скопје“
Foto

Работилници, промоции, музички настапи и кино-проекција на „МКЦ за Скопје“

Со детски работилници на уметникот Доротеј Нешовски и писателката Билјана Црвенковска, на 26 јули во 18:30 часот ќе почне мултимедијалниот културен настан „МКЦ за Скопје“, кој традиционално се одржува на овој ден за да потсети на солидарноста и хуманоста на скопјани.

Настанот ќе се одржи во паркот на МКЦ и е бесплатен.

По работилниците, програмата продолжува со слушачки промоции на LP компилациите „Колку гласно морам да викнам за да ме чујат?“  и „Има ли забава – Macedonian new wave 1981-1985“ од Тошо Филиповски. Промовирана ќе биде и новата книга на Филиповски „МАКЕДОНСКА ДИСКОГРАФИЈА – ВИНИЛИ (1958-2019), Прв Том“ која ќе може да се купи по промотивна цена.

По промоциите ќе почне музичката програма. Предвидени се настапи на „Светлост“, „Јордан Костов Трио“ и „Роботек“.

„МКЦ за Скопје“ ќе заврши со кино на трева: „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде и Данило Шербеџија

0 Коментари

Остави коментари