Работилница: Нови техники во работењето на снимателите
Foto

Работилница: Нови техники во работењето на снимателите

„Нови техники на снимање, етика и професионално однесување во работата на снимателите“ е тема на првата работилницата што ја организираме во соработка со секцијата на снимателите при ЗНМ, а во рамки на проектот „Безбедни новинари за кредибилни информации во Северна Македонија“ поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.

Работилницата се одржува од 12-14 декември во Дојран и има за цел да ги подобри професионалните вештини на снимателите. Вкупно има 27 учесници од речиси сите поголеми национални телевизии. Оваа работилница е втора активност на секцијата на сниматели откако неодмна беше промовиран и прирачникот за безбедна и етичка работа на снимателите во медиумите.

0 Коментари

Остави коментари