Путин: Не треба да се врати практиката на неограничен мандат на претседателот на државата
Foto

Путин: Не треба да се врати практиката на неограничен мандат на претседателот на државата

Во разговор со ветерани од Втората светска војна во Санкт Петербург, рускиот претседател, Владимир Путин, изрази мислење дека не треба да се врати практиката на неограничен мандат на претседателот на државата.

„Би било многу загрижувачко доколку се вратиме на ситуацијата од средината на 80-тите години на минатиот век, кога лидерите на државата, еден по друг, останаа на власт до нивната смрт, заминувајќи без да ги овозможат потребните услови за трансформација на власта. Подобро е да не се враќаме кон таквата ситуација“, истакнал претседателот на Руската Федерација.

0 Коментари

Остави коментари