Пуштени во продажба мемоарите на Сноуден
Foto

Пуштени во продажба мемоарите на Сноуден

Започна продажбата на книгата со мемоари на Едвард Сноуден, поранешен вработен во Американската Агенција за национална безбедност и еден од најпознатите информатори и свиркачи во светот.

Книгата опишува како разузнавачките служби на САД собираат огромни податоци низ светот а најчесто во тоа им помагаат и странскирте влади. Во интервју за Германски Дер Шпигел, Сноуден вели дека првично бил воодушевен од можноста да работи за агенцијата но дека со тек на време станал разочаран откако открил дека програмата на која работел наместо да се грижи за безбедноста на жителите на америка станала инструмент за масовно прислушкување и контрола на граѓаните.

„Јас знаев дека користам алатки за масовно следење, но сето тоа беше некако апстрактно. Одеднаш, додека го гледаш човекот кого го набљудуваш, сфаќаш дека додека тој чита, ти го читаш него. Овие системи се развија толку многу без никој да дознае. Ми требаше време да станам скептик кон она што го работам но кога еднаш ќе те нагризе тоа, гледаш сè повеќе контрадикции меѓу она што ти го зборуваат шефовите и она што реално го работиш.“ - изјави Сноуден за „Дер Шпигел“.

Тој вели дека не жали за ваквата одлука и дека тоа помогнало да се променат многу работи. Неколку години подоцна беше откриено и дека уште многу други земји илегално собирале податоци од своите граѓани.

Сноуден, од 2013 година живее во Русија, единствена земја која му даде азил откако тој објави информации за програмата за тајно следење креирана од американските тајни служби. Претходно, тој побара азил и од неколку други земји, но од сите беше одбиен.

0 Коментари

Остави коментари