Првите гости од Холандија пристигнаа во Охрид

155 холандски туристи слетаа утрово на охридскиот аеродром со првиот чартер од ТУИ Холандија за 2022 година. Дел од нив првпат се во Охрид, но некои веќе третпат се враќаат на оваа дестинација. Задоволни се од услугата, понудата на градот но најмногу од љубезноста и гостопримливоста на домаќините.

„Од Холандија доаѓам и вторпат сум во Охрид. Ќе останам 10 дена и очекувам да си поминам одлично. Луѓето се многу љубезни и гостопримливи"

„Јас првпат доаѓам овде на одмор, го одбрав Охрид за одмор затоа што е убав град, тивок, природата е прекрасна од она што го видов и прочитав досега"

„Размислував каде да одиме дали Грција или на некое друго место, но се одлучивме за Охрид поради езерото, убавата природа храна луѓето во оваа земја кои се многу љубезни"

Туристичките работници се надеваат на успешна сезона годинава. Покрај гостите од Холандија кои доаѓаат многу порано од минатата година најави има за гости и од Велика Британија идниот период.

Директорот на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот - Љупчо Јаневски вели дека за разлика од 2021 година оваа година првите туристи пристигнуват два месеци порано, а очекувањата се дека ќе бидат реализирани нешто повеќе од 60 чартер летови.

Инаку од секторот информираат дека трендот на букирање во ТУИ Холандија е во пораст, секоја недела се зголемува бројот на букирани гости, за што помага и фактот дека сите мерки од корната се тргнати во Холандија и со новите закони не важат веќе Ковид мерките, што дава дополнителен мотив за холандските гости да букираат годишен одмор во нашата земја.