Првиот златен медал во Токио за стрелачката Кијан Јанг од Кина
Foto

Првиот златен медал во Токио за стрелачката Кијан Јанг од Кина

Кинеската репрезентативка во стрелаштво Кијан Јанг го освои денеска првиот од вкупно 339 златни медали на Олимписките игри во Токио, откако троиумфираше во дисциплината 10 метри воздушна пушка.  

Јанг до златниот медал дојде буквално со последниот истрел, а на крајот славеше со 261.8 погодени кругови, поставувајќи, притоа, и нов олимписки рекорд.

Сребрениот медал го освои Русинката Анастасија Галашина (251.1), додека бронзениот медал заврши на градите на Нини Кирстен од Швајцарија (230.6).

0 Коментари

Остави коментари