ПРВА ПОБЕДА ЗА ЛЕКЛЕР ВО Ф1, ТРИУМФИРА НА СПА ПРЕД ХАМИЛТОН НА ВТОРОТО И БОТАС НА ТРЕТОТО МЕСТО
Foto

ПРВА ПОБЕДА ЗА ЛЕКЛЕР ВО Ф1, ТРИУМФИРА НА СПА ПРЕД ХАМИЛТОН НА ВТОРОТО И БОТАС НА ТРЕТОТО МЕСТО

Перфектен викенд за Шарл Леклер во Спа, возачот од Монако беше најбрз на слободните тренинзи, синоќа беше недопирлив во квалификациите, а денеска извозе без грешка и се радува на прва победа во Формула 1 во својата кариер.

Тој денеска праткично водеше од прв до последен круг, не беше на чело само неколку кругови, и мина низ целта пред водечкиот во генералниот пласман, Луис Хамилтон. Последното место на пиедесталот му припадна на Валтери Ботас. 

Себастијан Фетел мораше да се задоволи со позицијата број 4 и дополнителниот бод за најбрз круг. Германецот имаше проблеми со пневматиците, лесно беше претекнат од Луис Хамилтон, а пред да ја загуби позицијата и од Валтери Ботас, влезе по втор пат во бокс. 

Трагичар на ГН на Белгија е Ландо Норис, кој цела трка беше петти, но неговиот Мекларен откажа во претпоследниот круг. 

Алекс Алобон, кој од оваа трка вози за Ред Бул, на крај заврши како петти откако го помина Перез во последнито круг. Мексиканецот не се предаде лесно, Албон во еден момент возеше по трева, па овој дуел дополнително ќе биде под лупа на стјуардите.

Во бодови уште завршија Дани Квјат, Нико Хулкенберг, Пјер Гасли и Ленс Строл.

0 Коментари

Остави коментари