Прва победа за Хамилтон во новата сезона, втор на трката во Австрија беше Ботас, трет Ферстапен
Foto

Прва победа за Хамилтон во новата сезона, втор на трката во Австрија беше Ботас, трет Ферстапен

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон ја забележа првата победа во новата сезона. Британецот беше најбрз на денешната трка во Австрија возена на „Ред Бул ринг“ каде се возеше и првата трка.

Успехот на Мерцедес го надополни Валтери Ботас кој на крајот заврши на второто место.

Трет трката ја заврши Макс Ферстапен од Ред Бул.

Пласман од 4-10. место: Алекс Албон (Ред Бул), Ландо Норис (Мекларен), Серхио Перез и  Ланс Строл (Рејсинг), Даниел Рикардо (Рено), Карлос Саинц (Мекларен) и Даниел Квајт (Алфа Таури).

По судирот во првиот круг, двајцата пилоти на Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел беа принудени предвреме да ја завршат трката.

Следната трка е предвидена да се одржи по седум дена во Унгарија.

0 Коментари

Остави коментари