ПРВА „ПАРАДА НА ГОРДОСТА“ ВО БОИТЕ НА ВИНОЖИТОТО
Foto

ПРВА „ПАРАДА НА ГОРДОСТА“ ВО БОИТЕ НА ВИНОЖИТОТО

Прва парада на гордоста во Скопје. Под боите на виножитото со силно полициско обезбедување стотици граѓани денеска маршираа во главниот град на Македонија против хомофобијата и трансфобијата.

Парадата започна со по некое уа но и аплаузи од страна на граѓаните кои ја пресретнаа парадата. Учеснците тргнаа од центарот на Скопје и се упатија кон градскиот парк, каде ги пречека пејачката Тамара Тодевска.

Освен од Македонија, учесници имаше и од другите земји од регионов. Љубов е љубов и не суди кој кого љуби се дел од пораките кои беа упатени на парадата.

Дел од министрите како и дипломатски претставници беа исто така дел од парадата. 

Според организаторите, Скопје Прајд е протестен марш со цел да сврти внимание на јавноста за нееднаквоста со која живеат припадниците на ЛГБТ заедницата во нашата земја, како и поради стигмата и неприфаќањето и насилството со кои нејзините членови секојдневно се соочуваат. Парадата помина мирно и без никакви инциденти.

0 Коментари

Остави коментари