Прв состанок на заедничката меѓувладина комисија со Бугарија
Foto

Прв состанок на заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

Односите на политичко ниво меѓу Бугарија и Северна Македонија се на високо напреднато ниво, но остануваат историските прашања особено оние поврзани за чевствувањето на ликот и делото на Гоце Делчев - ова е заклучок кој го изнесоа на заедничката прес конференција во Софија министрите Никола Димитров и неговата бугарска колешка Екатерина Захариева по првиот состанок на заедничките меѓувладини делегации.

Министерот за надворешни работи Димитров истакна дека токму изнаоѓањето на одговор на ова прашање може да биде и мост кој би ги зацврстил односите помеѓу двете земји и посочи оти не гледа потреба од поставување на било какви ултиматуми од страна на Бугариа кон евроатланските интеграции на земјата.

За Захариева пак историскиот дел е најважниот кој треба да гарантира зацврстување на односите помеѓу двете земји но очекува дека до крајот на годината работните групи кои работат на оваа тематика ќе најдат решение.

„Пред два дена комисиите повторно се сретнаа но за жал не постигнаа согласност за ликот и делото на Гоце Делчев. Тоа оди во продолжение од работата на комисијата, и навистина сакам да гледам кон иднината. Но апсурдно е да чествуваме и празнуваме дати поврзани со коминтерната.“ - изјави Екатерина Захариева. 

Ова е прв состанок на заедничката меѓувладина комисија меѓу двете земји . На која покрај двајцата министри присуствуваа и претставници од ресорите економија, одбрана, локална самоуправа, образование и наука, транспорт и врски. Една од главните теми беше и коридорот 8 покрај прашањето за историјата на кое најголем акцент ставија претставниците на бугарските медиуми откако неодамна пак министерот за одбрана на Бугарија Каракачанов посочи оти токму прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев може да ја поколеба Бугарија околу евроатланските интеграции на нашата земја.

0 Коментари

Остави коментари