Прв меѓународен саем RENEXPO во Скопје
Foto

Прв меѓународен саем RENEXPO во Скопје

Домашни и странски експерти ќе претстават трудови за планираните и спроведени проекти кои на најдобар начин ги илустрираат најновите случувања и трендови од секторот на енергетика, заштита на вода и управување со отпад на првиот меѓународен саем RENEXPO® NMK во Скопје, што ќе се одржи денеска и утре во Скопје.

Во рамки на саемот ќе се одржи и конференција за фотонапонски електрани и соларна енергија, а ќе бидат прикажани најновите технолошки решенија и примери на добра практика, како за големи системи така и за домаќинства и мали и средни претпријатија.

Според најавата, самот ќе го отвори вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и амбасадорот на Сојузна Република Германија во државава Томас Герберих.

0 Коментари

Остави коментари