Прв ден од летото, нов топлотен бран во Австралија
Foto

Прв ден од летото, нов топлотен бран во Австралија

Денеска на јужната земјина хемисфера почнува летото. Силен топлотен бран повторно го зафати јужниот и источниот дел на Австралија, со што се зголеми ризикот од пожари, а австралискиот завод за метеорологија очекува во следните денови температурите да урнат рекорд.

Поради високите температури граѓаните ги посетуваат плажите и базените за разладување. Топлотниот бран, кој полека се движи кон североисток, го зголемува ризикот од пожари, а повеќе од 30 пожарникарски екипи се обидуваат да го локализираат огнот на локалитетот кој се наоѓа на листата на светско наследство на унеско, островот Фрејзер.

 

0 Коментари

Остави коментари