Против Ковид-19 ревакцинирани 35 проценти од граѓаните, трета доза примиле над 5000
Foto

Против Ковид-19 ревакцинирани 35 проценти од граѓаните, трета доза примиле над 5000

Државните здравствени институции продолжуваат со вакцинација на населението против Ковид-19. Последните податоци што ги објави Министерството за здравство покажуваат дека заклучно со 21 месецов во државава се вакцинирани над 800 000 граѓани, односно 767 800 граѓани се ревакцинирани. Воедно, на пет илјади граѓани ја примиле трета анти ковид доза на вакцината.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирано, а 35 проценти од жителите примиле две дози вакцина.

Анализите на Министерството за здравство во однос на позитивните случаи на Ковид-19 и граѓаните кој се вакцини покажуваат дека од 6 август до 21 октомври годинава, позитивни на Ковид-19 биле 42 945 граѓани, од нив 26 отсто биле целосно вакцинирани, односно 11 253 лица. Оттаму посочуваат дека голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид -19 во наведениот период.

0 Коментари

Остави коментари