Протести во Шпанија поради малите казни за силувачите на 14-годишно девојче
Foto

Протести во Шпанија поради малите казни за силувачите на 14-годишно девојче

Илјадници Шпанци синоќа протестираа ширум земјата барајќи измена на Кривичниот закон, поради малата казна за силувачите на 14-годишно девојче.

Протестите се иницирани откако шпанскиот суд осуди пет мажи кои го силувале девојчето на затворски казни од 10 до 12 години, наведувајќи во образложението дека се работи за сексуално вознемирување.

Судот во Барселона во образложението наведе дека жртвата била под влијание на алкохол и марихуана и оти мажите не морале да применат сила или заплашување, поради што случајот не е заведен како силување туку како сексуално вознемирување.

Случајот е сличен со групното силување од 2016 година, што поттикна масовни протести пред Врховниот суд на Шпанија да им ја зголеми затворската казна на сторителите од девет на 15 години.

0 Коментари

Остави коментари