Протести во Гази Баба против префрлањето на Центарот за зависници
Foto

Протести во Гази Баба против префрлањето на Центарот за зависници

Група граѓани денеска протестираше пред фабриката „Металски завод – Тито“ е планирано да биде префрлен Центарот за зависници од Кисела Вода во Гази Баба. Граѓаните истакнаа дека не се согласуваат Центарот да биде префрлен во мензата на фабриката.

Центарот во кој метадонска терапија добиваат околу 500 лица требаше да биде во Кисела Вода само времено, но таму е веќе 20 години и претставува опасност за жителите од овој крај.

Изминатата зима граѓаните од тој дел на Скопје протестираа со блокирање на улиците во општината и бараа итно решение за нивниот проблем. 

0 Коментари

Остави коментари