Протести и апсења низ Европа
Foto

Протести и апсења низ Европа

Повеќе од 155 лица биле уапсени во лондон за време на протестите организирани против рестриктивните мерки насочени кон спречување на натамошното ширење на пандемијата на ковид 19.

Демонстрантите ги кршеа  рестриктивните мерки донесени за сузбивање на ширењето на коронавирусоти затоа полицијата приведе повеќе демонстранти.

Протести се одржаа и на германско-полската граница. Во придружба на бројни припадници на полицијата, се одржа протест во Франкфурт на Одра, на границата со Полска, против ограничувачките мерки воведени со цел да се потисне натамошното ширење на пандемијата.

Демонстранти се собраа и во поголемите хрватски градови против новите епидемиолошки мерки. Тие протестираа во Загреб, Сплит, Риека, Осиек, Задар и Шибеник, но во помал број.

0 Коментари

Остави коментари