Протест во Лондон инспириран од „жолтите елеци“
Foto

Протест во Лондон инспириран од „жолтите елеци“

Стотици демонстранти инспирирани од француските „жолти елеци“ денеска во Лондон протестираа против владината програма за штедење што тешко ги погоди сиромашните. Облечени во жолти елеци на кои пишува „Британија е скршена“ , демонстрантите маршираа во Лондон барајќи од политичарите да обрнат внимание на нивната немаштија, наместо „бесконечно да бидат посветени на спектаклот што го следи процесот за излегувањето на Велика Британија од Европската Унија“. Покрај тоа, британските демонстранти сакаат да покажат солидарност со француските кои со недели организираат антивладини протести во Франција. На протестите во Лондон се приклучија и неколкумина француски демонстранти. Еден од нив, Ерик Симон (57) порача дека „сите европски земји мора да се здружат во борбата против мерките за штедење“.

0 Коментари

Остави коментари