Протест во Бутел - граѓаните бараат поликлиника
Foto

Протест во Бутел - граѓаните бараат поликлиника

Граѓани на општина Бутел со блокирање на главната крстосница го изразија својот револт зошто биле единствена општина без поликлинка.

Велат дека во Бутел има руинирана амбуланта која што е пред распаѓање а опслужува повеќе од 60.000 жители. Гараѓаните го потесетија градоначалникот на неговите ветувања дека ќе има  здравствена установа по сите стандарди.

Во текот на денот министерот Филипче најави изградба на нови поликлиники освен во Бутел и во Ѓорче Петров, Карпош, Ново Лисиче и Аеродром. Жителите на Бутел најавија нови протести се до решавање на проблемот.

0 Коментари

Остави коментари