Протест пред Кривичен суд: 15 години стeчајна агонија за некогашните вработени на АД „Типо“ – бараат ревизија
Foto

Протест пред Кривичен суд: 15 години стeчајна агонија за некогашните вработени на АД „Типо“ – бараат ревизија

1996-та година нема земено плата, а на врата секојдневно му тропаат извршители – раскажува Славе Ташковски – поранешен вработен во некогашниот гигнат АД Типо, кои заедно со своите поранешни колеги денеска се собраа пред Кривичниот суд. Стечајците од АД Типо велат оставени сме на милост и немилост - правдата ќе ја бараат во Стразбур.

Речиси 15 години трае стечајната постапка на поранешната фабрика - вработените и со судски пресуди години наназад не можат да си го добијат она што го заработиле. Велат 14 години тапкаат во место – бараат слух од институциите и брза разрешница на стечајната постапка.

Според поранешните вработени дел од погоните во фабриката се продадени на нетранспарентен начин. И денеска побараа државата меѓудругото да направи целосна ревизија на имотот на фабриката, но и нова ревизија на целата стечајна постпка.

До сега неколку пати излегоа на протести и пред Кривичниот, но и пред Владата.

0 Коментари

Остави коментари