Протест пред Филозофскиот факултет во Белград, се бара преодна влада и нов кризен штаб
Foto

Протест пред Филозофскиот факултет во Белград, се бара преодна влада и нов кризен штаб

Центарот на Белград блокиран, демострантите се упатија кон Собранието. Опозициската партија Сојуз за Србија го започна денешниот протест во Белград, со барање за преодна влада и нов кризен штаб. Протести се одржуваат и во Нови Сад. Бројни полициски сили со опрема за разбивање демонстрации се наоѓаат околу зградата на српското собрание.

Неколку десетици полицајци со  се распоредени во близина на зградата на РТС. Иако најавуваше полициски час викендов претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на денешното обраќање ја повлече одлуката и  најави дека сепак конечниот збор ќе го даде кризниот штаб на утрешната седница.

Илјадници демонстранти синоќа упаднаа во српскиот Парламент откако Вучиќ најави полициски час од петок до понеделник како превенција против ширењето на Ковид-19. Полицијата неколку часа мораше да се бори употребувајќи солзавец и други порадикални мерки за да ја разбие толпата.

Повредени беа 43 полицајци, а еден претрпел и потрес на мозокот. Полицијата соопшти за 17 повредени демонстранти и 24 уапсени.

0 Коментари

Остави коментари