ПРОТЕСТ НА ВМРО-ДПМНЕ ПРЕД ОБВИНИТЕЛСТВОТО И ВРХОВНИОТ СУД
Foto

ПРОТЕСТ НА ВМРО-ДПМНЕ ПРЕД ОБВИНИТЕЛСТВОТО И ВРХОВНИОТ СУД

Пред зградата на Јавното обвинителство вечерва во 18:15 часот почна протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ. Поддржувачите на оваа партија и присутните граѓани се движеа по кејот на реката Вардар, се до Врховниот суд.

Протестот, според организаторот, има за цел да покаже дека одговорност мора да има и оти за неправдите е виновен поранешниот премиер и претседател на СДСМ Зоран Заев.

Пред присутните се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој истакна дека судската и обвинителската власт, како што рече, се брутално згазени.

Според него, главни советници и верни заштитници на криминалот на Заев се Вилма Рускоска и Љубомир Јовески, уште неколку врховни судии и како, што рече, и неколку медиумски слуги кои не се новинари, а така се претставуваат. 

На протестот, кој беше масовен, присутните граѓани извикуваа „Сакаме правда“, „Македонија“, пееја патриотски песни, вееја македонски знамиња, а главниот транспарент беше „Заев е виновен“.

0 Коментари

Остави коментари