Протест на сметководителите пред Владата
Foto

Протест на сметководителите пред Владата

Предлог Законот за сметководствени работи и одредбите кои произлегувата од истиот ги извади на протест сметководителите пред Влада. Дел од овластените сметководители сметаат дека со законот се врши директен удар врз малите сметководствени фирми и се овозможува нелојална конклуренција од редовите на државната администрација и пензионерите вработени во десетина фирми по што експресно премиерот Зоран Заев ги прими во Влада на разговор. Откако завршија со разговорот сметководителите од пред Влада изразија задоволство што од сите барања премиерот им прифати само едно.

На обвинувањата на сметководителите кон Министерството за финансии дека не биле вклучени во процесот на консултации за предлог законот и дека со истиот министерството (МФ) им наметнува дополнителни трошоци – се огласија од ресорното министерство. За ТВ 24 од ресорното министерство за финансии велат дека сметководителите биле вклучени од самиот почеток на предлог – текстот на законот поставувајќи го на ЕНЕР (Електорнскиот систем за јавна консултација), и дека сите конструктивни коментари биле земени во предвид при креирањето на законот.

Со новиот закон нема зголемување на трошоците за сметководителите, напротив има можност истите да се намалат. Согласно меѓународните стандарди за едукација, по донесувањето на новиот закон тие ќе имаат повеќе можности за континуирано учење. На овој начин ќе им се даде можност на сметководителите да направат избор, а со тоа и да ги намалат своите трошоци.

Дополнително за време на протестот сметководителите се пожалија на услугите на УЈП особено на софтверрските системи на управата на што директорката на УЈП, Сања Лукаревска возврати дека работат на средување на проблемот. Комората на сметководителите не го подржаа денешниот протест на сметководителите кој протестираа пред Влада.

0 Коментари

Остави коментари