Протест на оризопроизводителите
Foto

Протест на оризопроизводителите

Наместо во откупен пункт неколку вреќи оризова арпа завршија на патот Штип-Кочани. Оризарите симболично покажаа колку им вреди маката. Иако беше најавено дека ќе се блокира само едната коловозна лента, патот Штип-Кочани беше целосно затворен за сообраќај.

Гневни поради  откупната цена земјоделците самоиницијативно со тракторите ја блокираа оваа делница. Со протестот сакаат да потсетат на своите барања за повисока откупна цена, забрана за увоз на неквалитетен ориз и заштита на домашното производство.

Во последниве две години оризопроизводителите организираа неколку протести. Но откупната цена продолжи да паѓа. Велат немаат никаква комуникација ниту со Министерството за земјоделство, ниту со откупувачите. На 15 денови пред стартот на новата жетва половина од производството стои во амабрите. Најавуваат и граѓанска непослушност.

Земјоделците ја обвинуваат државата за негрижа за оризот како стратешка култура, велат дека годинава 40 % од кочанско поле останало непосеано, а ако не добијат гарантирана цена, интерсот за оваа култура ќе опаѓа и во наредните години. Нов протест закажуваат за една недела.

 

0 Коментари

Остави коментари