Протест на оризопроизводителите
Foto

Протест на оризопроизводителите

Тракторите наместо на нива по вторпат на регионалиот пат Штип - Кочани. Два часа оризопроизодителите го блокираа движењето по едната коловозна лента кај селото Облешево. 

Велат протестот е предупредувачки, бараат Министерството за земјоделство да го исполни ветеното од 2018-та и пред стартот на жетвата да ги добијат петте денари дополнителна субвенција, во спротивно блокадите ќе продолжат.

Оризопроизводителите бараат да се утврди и производната и откупната цена пред старот на жетвата што започнува за две недели. Нивните пресметки говорат дека производството на килограм оризова арпа ги чини 17 денари, па бараат откупната цена да не биде под 25.

Од Платежната агенција велат дека со рабалансот се предвидени средства за финансиска подршка на земјоделците, но нема прецизен одговор кога пари ќе добијат оризопроизводителите.

„Со ребалансот на Буџетот, предвидени се повеќе средства за Финансиска поддршка во земјоделството дел од средствата кои ќе се обезбедат со ребалансот се и за исплата на средствата за дополнителните мерки. Веќе од средина на август преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, почна исплатата на дополнителните мерки а ќе продолжи и во наредниот период", велат од Платежната агенција.

Во кочанско под ориз годинава се засеани околку 4.000 хектари.

0 Коментари

Остави коментари