Протест: „Доста е! Стоп за насилство врз здравствените работници!“,
Foto

Протест: „Доста е! Стоп за насилство врз здравствените работници!“,

Под мотото „Доста е! Стоп за насилство врз здравствените работници!“.

Во среда во кругот на скопскиот Kлинички центар ќе се одржи протест на медицинарите против насилството врз нив, но и со барања за законски измени. Протестот се случува по зачестените напади врз медицински лица во изминатиот период.

„Ова ќе биде последна опомена и изразување на нашиот револт, не смееме да работиме под страв во и онака лоши услови! Време е државата да преземе итни мерки и да не заштити, во спротивно, организирано ќе престанеме со работа се до решавање на овој проблем!“, Велат од асоцијацијата на млади лекари и специјализанти кои се организатори на протестот.

Се бара и итно донесување на закон за докторска дејност и законско изедначување на напад на медицинар со напад на полицаец.

0 Коментари

Остави коментари