Просечната плата на советниците на премиерот Зоран Заев е 55.000 денари
Foto

Просечната плата на советниците на премиерот Зоран Заев е 55.000 денари

Иако со  одредбата на влада од 13 октмомври требаше да бидат објавени имињата на советниците во сите ресорни министерства и месечните примања кои ги земаат сепак кај поголем дел од министерствата овие суми не се објавени со исклучок на некои како што се Министерствата за здравство и МВР.

Дел од министерствата пак кои на официјалните сајтови ги немаат објавено се уште овие податоци до имињата на советниците велат во најскоро можен рок ќе го направат тоа. На официјалниот сајт на Влада пак вчера веќе осамнаа имињата на советниците на премиерот Заев кои од 56 сега се сведени на  23 а нивната просечна плата се движи од околу 55 илјади денари. 

Вицепремиерот Фатмир Битиќи. Одговарајќи на новинарски прашања и денеска посочи дека во конкретниов случај станува збор за рационални трошоци кои се неопходни за успешно функционирање на ресорите и министерствата. 

Според податоците на официјалниот владин сајт највисоки примања од советниците  има Зоран Верушевски со примања од над 78 илјади денари, двајца советници, Виктор Андонов за енергетика и Милан Живковиќ за труд и социјална политика, земаат над 60 илјади денари,  Останатите 20, се со нето примања од над 55 илјади. 

Меѓу надворешните соработници најплатена со 50.000 денари е Нина Фити-Неделковска, ќерка на професорот и академик Таки Фити, а тука се и Раде Јанковски за спречување на корупција во граничното работење со 35 илјади денари месечно Магбуле Амети за здравство 40.000.

0 Коментари

Остави коментари