Прооден патниот правец кон граничниот премин Богородица
Foto

Прооден патниот правец кон граничниот премин Богородица

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Гевгелија – Граничен премин Богородица, кој беше во прекин поради сообраќајна несреќа. Ова денеска го истакна портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Во сообраќајната несрека, што се случи во 13:15 часот на еден километар пред граничниот премин, учествуваа шест возила, при што полесно се повредени тројца државјани на Романија.

По укажаната лекарска помош во Општата болница во Гевгелија тие се пуштени на  домашно лекување.

0 Коментари

Остави коментари