Пронајдени се двете лица кои избегале од штипската болница и ставени се во изолација
Foto

Пронајдени се двете лица кои избегале од штипската болница и ставени се во изолација

Денеска во 14.30 часот, две лица во Штип со возило на итната медицинска помош биле донесени на Инфективното одделние во штипската болница. Од нив, едното лице било со сомнителни симптоми на болест. Согласно редовната постапка, лице со симптоми и лице-непосреден контакт, спроведен им е епидемиолошки прашалник и започнало тестирањето на корона вирус, а тие биле сместени во просторија за изолација. Неколку часа подоцна избегале од болницата.

По ова веднаш, интервенираше МВР – Штип. Лицата се најдени во својот дом во едно село во близина на Виница и ставени во изолација, до добивање на нивните лабораториски резултати. Лицата според првичните сознанија не биле во контакт со други лица, туку директно заминале дома. 

Инаку станува збор за еден македонски државјанин и државјанка на Република Хрватска кои на 26 февруари влегле во Република Северна Македонија на граничниот премин Табановце. Министерството за здравство будно ја следи состјбата и продолжува редовно да ја информира јавноста.

Повеќе детали и резултати од тестирањето на утринскиот брифинг.

0 Коментари

Остави коментари