Пронајдени мртви мајка и син во стан Велес
Foto

Пронајдени мртви мајка и син во стан Велес

Неподносливата миризба која се ширела од станот на Катерина Маноилова и нејзиниот син Ванчо ги натерала соседите да пријават во полиција. Утрово кога пожарникарите ја скршиле вратата од станот на улица 4 јули во Велес, имале што да видат.

Двете тела на 79 годишната мајка и 53 годишниот син биле речиси распаднати. Колку време се починати, никој со сигурност не знае. Соседите раскажуваат дека Катерина и Ванчо не ги виделе со месеци. Димче Зврцинов е претседател на куќниот совет. Последен пат контактирал со нив, кога му давале пари за одржување на зградата.

Соседите пријавиле во полиција уште минатата недела, но тие стигнале денеска, оти немале налог порано да влезат во станот.

Катерина била пензионерка. Соседите велат дека била мирна жена, која, кога ќе излезела надвор, често муабетела со нив. Но, откако остарела, се повлекла дома. Нејзиниот син имал здравствени проблеми, раскажуваат соседите. Често знаел и да нападне некој од нив.

Пред една и пол година, во нивниот стан изби пожар, а трагите од него се сеуште видливи. Соседите се прашуваат зошто инсистуциите не се погрижиле за ова семејство, за да се спречи ваков крај. Телата на починатите се предадени на обдукција, која ќе открие кога починале и дали се работи за убиство, самоубиство или природна смрт. Миризбата околу зградата сеуште беше силна. Екипа на Центарот за јавно здравје денеска го дезинфицираше влезот на зградата.

0 Коментари

Остави коментари