Промотивен штан Мој ДДВ во Прилеп
Foto

Промотивен штан Мој ДДВ во Прилеп

Промотивен штанд МојДДВ денеска ќе биде поставен во центарот на Прилеп пред супермаркетот Тинекс. 

На штандот граѓаните ќе може да скенираат фискални сметки, а екипите на терен ќе им помагаат на оние кои не знаат или немаат можност да ја користат апликацијата „Мој ДДВ“ за поврат на 15 отсто од платениот ДДВ. 

Ова е еден од штандовите што Управата за јавни приходи за поддршка во процесот ќе ги отвори во своите 36 подрачни единици низ земјавa. УЈП ќе отвори информативни штандови: киоск апарати, бар код читачи и паметни телефони преку кои ќе може на лице место да се регистрира фискалната сметка. 

Проектот има за цел да го регулира бизнисот и да ги намали скриените трансакции, апочна да се применува од 1 јули годинава. Заклучно со 17 јули 2019 година, спорд податоците на УЈП, скенирани се 3.541.016 фискални сметки, остварен е промет од 1.846, 261.806 денари, додека повратот од 15 отсто од пресметаниот ДДВ изнесува 29.767.379 денари.

 

0 Коментари

Остави коментари