Променливо облачно и студено, наместа слаб снег
Foto

Променливо облачно и студено, наместа слаб снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен, а вдолж Повардарието силен ветер претежно од северозападен правец.

Наместа ќе провејува слаб снег. До крајот на денот облачноста во најголем дел од земјава ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.

Во Скопје, како што информира УХМР, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со засилен северен ветер.

Од утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето, но ќе се задржи студено, особено во утринските часови. Од петок следува период на променливо облачно и потопло време со нови врнежи од дожд, а на планините од снег.

Најстудено изутрина е на Попова Шапка, каде во седум часот  се измерени -12 степени, по што со -10 следи Маврови Анови,  со -7 Крушево, -6 Пожаране и Ѓуриште. Во Охрид и Претор температурата се спуши 4 степени под нулата,  -3 во Крива Паланка, Прилеп, Берово и Дебар, -2 во Тетово, -1 Скопје-Зајчев Рид,  Битола, Штип, Куманово и Виница, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

На Попова Шапка има 31 сантиматар снег,  21 на Маврови Анови, 12 Пожаране, седум Берово, шест Тетово, пет Крушево, четири Крива Паланка, Тополчани и Ѓуриште, два Виница, а сантиматар снег има во Скопје-Зајчев Рид, Охрид и во Штип.

0 Коментари

Остави коментари