Промени во раководството на НЛБ Банка АД Скопје
Foto

Промени во раководството на НЛБ Банка АД Скопје

Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје на денешната  седница назначи и потврди промени во раководството на банката. По шестгодишно успешно управување со банката, актуелниот претседател на Управниот одбор, Антонио Аргир, е унапреден на нова позиција во седиштето на НЛБ д.д. Љубљана, како извршен помошник на Управниот одбор на НЛБ д.д., одговорен за управување со НЛБ Групацијата.

Надзорниот одбор го именуваше Бранко Грегановиќ за нов претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, во очекување на потребните одобренија, информираат од банката.

Антонио Аргир, функцијата претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје ќе ја извршува до крајот на годината, а новата функција ќе ја преземе во јануари 2022 година. На новата позиција тој ќе биде одговорен за управување со банките членки на НЛБ Групацијата и други небанкарски членки, поддржувајќи ги сите клучни активности на Групацијата во регионот.

0 Коментари

Остави коментари