Промената на имињата на улиците проблем за избирачките одбори
Foto

Промената на имињата на улиците проблем за избирачките одбори

Членовите на избрачкиот одбор од ОИК во Кисела Вода рано утрово, точно во 7 часот излегоа на терен за да го спроведат гласањето на старите и  изнемоштени лица, како и на лицата згрижени во старските домови. 

57 лица од оваа скопска општина се пријавиле за гласање. Под посебни протоколи , на сите нив им беше овозможено  во тајност го дадат својот глас. За членовите на избирачките одбори, на терен и по некој мал проблем. Пронаоѓањето на дел од лицата се одвиваше со мали потешкотии.

„Добар ден. Ние сме за гласање, се има пријавено Танас Влахов . А грешка сте...“

Но, на посочената адреса од избирачкиот список, не живее лице со тоа име и презиме

„Писмото кое го имаме за лицето , и тоа лице, со адресата  соодветсвува со името и адресата во избирачкиот список. Но на лице место во зградата ни велат дека нема такво лице.“ - вели Татјана Стефановска -избиречки одбор ОИК Кисела Вода.

Промената на имињата на улиците и несоодветната промена во документација, создадоа проблем на избирачкиот одбор, кои по насоките од граѓаните, сепак успееа да го пронајдат  пријавеното лице, кому му беше овозможено да го оствари своето избирачко право.

Гласањето се одвиваше вообичаено како и претходните години, но согласно протоколите и мерките за заштита од Ковид -19, со маска и дезинфекција, на членовите на одборот и гласачите.

„Дали редовно гласате? Да , редовно го користам моето право.Некогаш сте пропуштиле гласање? Не, никогаш до сега!“

Гласаа и старите лица кои се сместени во старските домови во општина Кисела Вода, и на овие гласачки места се почитуваа мерките и протоколите за заштита. Во еден од домовите од 5мина пријавени гласачи, со самото отворање гласачкото право го искористиле 4ца од нив. Од избирачкиот одбор информираат дека се течело во најдобар ред, со целосно почитување на мерките.

„Како што забележувате ние се наоѓаме пред установата, според протоколите, не ни дозволија да влеземе во дворот, тука сме на отворено и ќе останеме до 9 навечер, ако уште еден гласач се предомисли и реши да гласа.“ - вели Tатјана Голчева – потпретседател на избирачки одбор Кисела Вода.

Претседателот на ОИК, Кисела Вода, Томо Мојсов смета дека безбедноста е на највисокоо ниво и гласањето се одвива во најдобар ред, со максимална заштита на сите учесници во процесот. 

„Надминати се проблемите, безбедноста е на највисоко ниво, со што ќе допринесеме во иднина да немаме проблеми со развојот на болеста. Се што е препорачано од комисјата, се е донесено, се е набавено, ИО имаат тродупло опрема.“ - вели Томо Мојсов – претеседател на ОИК Кисела Вода.

Според последните податоци на Државната изборна комисија денеска правото на гласање го користат 8.855 болни и немоќни и хронично болни чии пријави се прифатени од ОИК.

0 Коментари

Остави коментари